КФОР го зголеми присуството на мостот на Ибар

0
48

Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) го зголеми своето присуство на главниот мост на реката Ибар на 31-ви август.

На овој мост што ја дели јужна Митровица – населена со Албанци, од северна – населена претежно со Срби, освен автомобили, забележан е и кордон припадници на КФОР.

Радио Слободна Европа (РСЕ) го праша КФОР зошто го зголеми присуството на мостот, но од мисијата не дадоа одговор.

Припадник на италијанските сили на КФОР на мостот на Ибар на репортерот на РСЕ на терен му изјави дека во текот на денешниот ден „не се очекува ништо посебно“ и дека се таму „за рутински операции“.

Зголеменото присуство на овој мост доаѓа еден ден откако косовските власти затворија пет паралелни српски институции во северно Косово.

Акцијата беше критикувана од меѓународната заедница, која ја повика Владата на Косово да не презема еднострани и некоординирани акции.

Косовската влада, исто така, неодамна се соочи со критики од меѓународната заедница затоа што најави дека ќе го отвори мост над Ибар за сообраќај на возила.

 

 

slobodnaevropa.mk