Почитувани, денешното утро донесе најниска температура од 12 степени во Берово, додека во Гевгелија се измерени 18 степени, исто температура од 18 степени утринава беше измерена и во Демир Капија.
На картата погоре можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава во Македонија.
Инаку денес во попладневните часови повторно ќе имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Можна е и поретка појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
Да напоменеме дена во текот на денешниот ден ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.