Службен велосипед, нов тренд во фирмите во Виена

0
42

Во главниот град на Австрија купувањето на велосипед на лизинг преку фирма станува се повеќе популарно. Поголем број на фирми во Виена на своите вработени им нудат службени велосипеди наместо службени автомобили.

Пандемијата со ковид предизвика долгорочен бум за купување на велосипеди во Виена. Лицето кое ќе купи велосипед на лизинг преку фирма, подоцна може да го отплати по поволна цена. Во текот на отплатата на лизингот важат и големи даночни олеснувања.

Компаниите кои нудат велосипеди на лизинг имаат заштеди од 35 отсто со директно одбивање на ратите за велосипедот од платата. Со ова се добиваат даночни олеснувања од 30 до 40 отсто во зависност од платата. На лизинг може да се земат сите видови на велосипеди  од градски и електрични велосипеди, а посебно се барани поскапите модели од е-велисипеди.

Доколку корисникот на крајот од лизинг периодот сака да го откупи велосипедот, преостанатата вредност за отплата често изнесува околу десет отсто од новата цена, пишува „Бизнис и финансии“.

 

Ekonomijabiznis.mk