Владата ќе ја ограничи цената на училишните производи

0
57

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека се прават анализи за намалување на трошоците на родителите на стартот на учебната година. Според премиерот ќе се лимитираат цените на производите кои најмногу им се потребни на родителите.

„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Мицкоски.

 

 

skopjeinfo.mk