Италијански тинејџер си го уби семејството

0
50

Италијански тинејџер ги уби својот татко, мајка и брат.
Во Италија 17-годишно момче до смрт ги избоде родителите и 12-годишниот брат. Според италијанските медиуми, сторителот признал.

Убиствата се случиле ноќта меѓу саботата кон неделата во куќа во близина на Милано. Сведок вели дека го разбудиле крици. Сите жртви биле пронајдени во спалната соба на 12-годишното момче. Не се знае што му претходело.

Насилникот сам повикал полиција. Момчето првично рече дека влегло во собата каде ги нашло телата на неговата мајка и брат и неговиот татко како седат на стол со нож до него. Потоа, наводно, го зел ножот од неговиот татко и го избодел до смрт. За време на сослушувањето, неговата приказна се покажала како невистинита и момчето признало дека со кујнски нож ги убил членовите на своето семејство.

Неколку часа претходно семејството го прославило роденденот на таткото. Локалните жители го опишуваат семејството како тивко и дружељубиво и велат дека биле богати. 51-годишниот татко бил изведувач, а 49-годишната мајка поседувала продавница.