На денешен ден е грабната американската мисионерка мис Елен Стон од страна на комити од четата на Јане Сандански во Пиринска Македонија

0
58

На 3 септември 1901 година

 на патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка, Бугарката Катерина Стефанова Цилка.

Целта била да се обезбедат пари за националноослободителното движење. И така завршило грабнувањето. За ослободувањето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје.

 

denesen.mk