Србија го враќа задолжителниот воен рок

0
55

„Задолжителниот воен рок ќе трае 75 дена“
Како што рече, доколку се воведе, задолжителниот воен рок ќе трае 75 дена – два месеци плус 15 дена обука и ќе биде задолжителен за мажите и доброволно за жените.

-Тоа е пет пати помалку отколку што служев и е од големо значење за нашата армија. Сè ќе добијат бесплатно, храна, пијалок и не толку занемарливи приходи – изјави Вучиќ.

Воениот рок веројатно би траел 75 дена, а ќе го служат возрасни мажи до 30 години.

Претседателот додаде дека одлуката за воениот рок ќе се види веќе во расправата за буџетот.

– Таму се ќе се знае кога ќе заврши ребалансот од 1, 5 или 10 октомври – рече Вучиќ.

За потсетување, иницијативата за враќање на задолжителниот воен рок ја покрена Генералштабот на војската на Србија, а на 4 јануари му беше доставена на Вучиќ.

 

blic.rs