Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката.
Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.
-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
vesnik-ilinden.com