Две лица се полесно повредени во експлозија што се случила во кафуле во Келн, Германија. Иако полицијата се уште не објавила информации за експлозијата локалните медиуми јавуваат дека две лица се полесно повредени.
Според информациите што ги објавија медиумите, добиени од локалните жители, прво се слушнала експлозија, а потоа зградата каде што било кафулето претрпела големи оштетувања поради пожарот кој избувнал во објектот.
Зпочната е истрага за инцидентот и се бара едно лице кое претходно, според снимките од камерите во зградата, оставило торба и кутија на влезот од објектот. Фотографии од осомничениот се објавени јавно и полицијта побарала помош од граѓаните.
Во слична експлозија што се случи во Келн на 16 септември, беше повредена чистачка.