Утре (петок) обилни врнежи од дожд, јужен ветер и локално невреме!

0
2

Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, утре (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон сабота ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има  и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).

И во Скопскиот регион утре (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.

Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува во најновата метео анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk