Поплави вo Албанија, голем број улици под вода

0
24

Поплави ја зафатија и Албанија.

Улиците во Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри.

Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на потреба да се јават на телефонскиот број 112 или на апликацијатa „МојаТирана”.

Поради невремето приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата.
Поплави денеска имаше во Босна и Црна Гора.

thenewsgo.com