Министерот Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки денеска (07.10.2024) оствари работна посета со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
На средбата фокусот на разговор беше ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, контрола на граница, борба против криминални организации за криумчарење мигранти и други.
Министерот Тошковски ги истакна приоритетите кои ги има министерството за внатрешни работи како борбата со организираниот криминал и корупцијата, дигитализација на процесите, планираните реформи и беше потврдено дека унапредувањето на полициската соработка меѓу двете земји е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста како нашата земја така и на регионот.