Кучето Зара кое неуморно трага по исчезнатите лица во поплавите во Босна и Херцеговина

Велат дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а Зара е само доказ за тоа.

Кучето од Корчула во моментов е во Јабланица, Босна и Херцеговина, за да учествува во потрагата по исчезнати лица во поплавите заедно со Хрватската горска служба за спасување (ХГСС). Фотографии од Зара споделија на Facebook профилот на ХГСС и напишаа: „Нашата Зара“.

Крзненото животно неуморно трага по преживеани, а Анте Дужевиќ од ХГСС неодамна изјави дека Зара може да замени и до 30 луѓе.

„Во потрагата одиме само ние двајцата за да нема одвлекување на вниманието и кучето да може успешно да ја најде жртвата. Важно е сето тоа да се одвива преку некаква игра, за тоа е потребна концентрација и да нема ништо што би можело да му пречи на кучето“ – рекол Анте, кој го тренира кучето.

Патувањето до Јабланица не било лесно и спасувачите велат дека ситуацијата е хаотична.

„Некои куќи ги нема повеќе, а други се затрупани. Поради одроните долго се пробивавме до Јабланица“ – рекле тие.

Поплавите настанаа ноќта меѓу 3 и 4 октомври. Во нив загинаа најмалку 20 лица, а сè уште се трага по исчезнатите.

 

 

femina.mk