(ВИДЕО) Премногу се доближил до голем елен за да го сними, но сфатил дека нема шега со него

Љубовта кон дивите животни понекогаш носи луѓе кои сакаат да им се восхитуваат од блиску, но таквите блиски средби не секогаш завршуваат добро. За ова сведочат снимките од американскиот национален парк Јелоустоун, кој го доловува моментот кога турист се обидел да се приближи до огромен елен за да може да го сними.

Еленот брзо го забележал човекот во ливадатакој сакал да го сними и тргнал кон него. Тој пак обидувајќи се да избега паднал. Сцената е снимена од посетител на паркот кој одлучил да снима од безбедно растојание.

видео: YOU TUBE