Исчезна 15-годишната тинејџерка од Свети Николе

Петнаесетгодишна тинејџерка од Свети Николе е исчезната и по неа се трага.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавата во службите пристигнала во текот на ноќта, подочно пред три часот утрово, кога веројатно мајката на тинејџерката пријавила во полициската станица во Свети Николе дека нејзината малолетна ќерка не се вратила во домот.

– Денеска (09.10.2024) во 02.24 часот во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(35) од с.Ерџелија, Светиниколско, пријавила дека нејзината ќерка Б.Т.(15) не се вратила дома од училиштето во кое учи во Штип.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – се наведува во билтенот на МВР.