„Ова е тешка одлука, но мислам дека е соодветно да ја завршам кариерата“, порача 38-годишниот Рафаел Надал во видео порака на платформата Х. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите тенисери во историјата и 14-кратен освојувач на Ролан Гарос. Тој ќе замине во пензија по финалето на Дејвис Куп натпреварувањето во ноември годинава.
DW