На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. При контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Казнети 151 возач на територијата на град Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На…
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и во сабота (30 декември)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (30.12.2023) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во…
Физичка пресметка на две лица во индустриската зона кај Кичево
На 24.10.2024 во 13.10 часот, во деловен објект во индустриската зона кај Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со…