Пецаков: Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“

0
12

Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“.
Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“. Беше извршено комплетно расчистување на теренот, извршено е бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи.
Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, а градежните активности ги реализира градежната фирма „Бокоп“ од Боровец.