Четири лица загинаа во верижен судар – се судрија дваесет возила во Полска

0
14

Четири лица загинаа, а дванаесет се повредени во верижен судар во близина на полскиот град Гдањск. На делница од автопат што се реновира се судриле 22 возила.

Несреќата се случила вчера околу 23 часот и 15 минути во полскиот град Борково. Неколку возила се запалиле, пренесува полскиот весник Gazeta Wyborcza. Во несреќата учествувале и три камиони. Полицијата уапси 37-годишен возач на камион. Сè уште не е јасно зошто. Првичната истрага покажала дека тој не бил пијан.

Автопатот беше затворен подолго време за да можат полицијата и итната помош да си ја завршат работата. Била распоредена воздухопловна брза помош и четиринаесет противпожарни возила.

извор: НОС Холандија