Вирусот Мпокс се прошири низ 18 африкански држави, над 1.000 починати

0
15

Во Африка регистрирани се 50 нови смртни случаи на Мпокс (мајмунски сипаници) во изминатата недела, со што билансот од почетокот на годината достигна 1.100, покажаа најновите податоци на Африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ Африка), пренесува Анадолу.

На брифингот со новинарите, генералниот директор на Африканскиот ЦДЦ, Жан Касеја, изјави дека оваа година се регистрирани 42.438 случаи на Мпокс во 18 африкански земји.

Околу 3.051 нов случај се регистрирани во изминатата недела, а нови случаи се регистрирани во Зимбабве и Замбија.

Во регионот на Централна Африка регистрирани се 86,4 отсто од сите пријавени случаи, според податоците.

Касеја истакна дека има раст од 380 отсто на случаите на Мпокс оваа година во споредба со минатата година.

Мпокс се вирусна болест, која до 2022 година беше позната како мајмунски сипаници кога Светската здравствена организација го промени името поради поплаки дека терминот е расистички и стигматизирачки.

Зоонозата може да се пренесе на луѓето преку близок физички контакт со заразно лице или мал вид диво животно или преку контаминирани материјали.

Карактеристични симптоми за заразата се осип или лезии, како и треска слична на грип, болки во главата и мускулите, болки во грбот, општа слабост и отечени лимфни јазли.

 

извор: АНАДОЛИЈА