Пожарот во хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од страна на пожарникарите од ТППЕ Берово и соседните области. За среќа, нема повредени лица, иако дел од гостите беа евакуирани. Причинета е значителна материјална штета, која ќе се утврдува во наредните денови.
Според првичните информации, пожарот избувнал најверојатно од грилот на скарата. Во интервенцијата учествуваа 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително беше побарана помош од пожарникарите и возилата на ТППЕ Виница, Кочани, Струмица и Доброволното друштво Пехчево. Пожарот е локализиран, но дел од летната тераса е зафатен. Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, истакна дека пожарот не се проширил во собите и дека, иако е причинета голема материјална штета, хотелот останал заштитен.
Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир, кој не бил зафатен од огнената стихија.
Екипи на ТППЕ Берово останаа дежурни на местото на инцидентот и во текот на ноќта. Повеќе информации за причините за пожарот ќе бидат објавени денеска.