30-годишна жена пронајдена во бессознание

Вчера околу 7 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека во стан во населба Илинден во Скопје во бессознание била пронајдена М.М. (30) од Крива Паланка, по што е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.