Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар треба да започне со изградба на ограден/потпорен ѕид како привремено решение зад Клиниката за детски болести, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Денеска во ЦУК се одржала координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорниот/оградниот ѕид на улица Бeлградска кај Детска клиника“.
Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.
На денешната седница бил донесен заклучок дека Град Скопје треба да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР Скопје со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила
На средбата присуствуваа претставници од;Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи и вработените од ЦУК, конкретно – државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, коишто непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.
Град Скопје ќе пристапи кон пресадување на дрвјата на трасата на улица „Белградска“ истовремено при активностите за изградбата на потпорниот/ограден ѕид од страна на Министерството за здравство
ЦУК да побара извештај од Министерството за животна средина и просторно планирање – водостопански инспектор за намената и состојбата на руиниран канал, каналски систем, на улицата, се вели во соопштението испратено до медиумите.
За трајно, долгорочно, решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на којашто би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање, се додава во соопштението.