Канал 5 ексклузивно: Њу Јорк Тајмс потврдува дека Софија во ’41 не нарекувала ЈУ Македонија

0
428

Во време кога официјална Бугарија подолг период не може да состави влада која ќе функционира барем една (1) година, таа иста официјална Софија ја бомбардира европската јавност со лаги и клевети таргетирајќи ја македонската држава, идентитет и јазик, објави Канал 5.

Формите на нивните историски фантазии можат да се споредат дури и со делата на Ханс и Кристијан Андерсен…од тоа дека сме легнале како Бугари, па сме се пробудиле како Македонци, па преку тоа дека сме вештачка творба и како држава и како нација на „озлогласениот’ за Бугарите, Јосип Броз Тито, за да продолжат со негирање на за нив еден странски јазик, нашиот-македонскиот јазик , чин на негација на нешто што не е нивно кој не е запаметен веројатно и од каменото време.

Кулминација на нивните историски „халуцинации“ беа тврдењата за нивната улога во Втората светска војна, при што безобѕирно ги„искинаа сите пердиња“ и тврдеа дека во Македонија дошле како ослободители, администратори, небаре Исус се симнал од Рајот и ги предводел Бугарите во борбата за ослободување на Македонија.

За жал на (не)официјална Софија, постојат документи кои биле нотирани од светски медиуми во тоа време, како што е американскиот Њујорк Тајмс ( New York Times ), кој во време на Втората светска војна имал дописник, сигурно Бугарин, од Софија.

Па тој ист до денешен ден реномиран печатен медиум јавувал вакви наслови и текстови ( слики/screenshots подолу )

25 Март 1941 – Кралството на Југославија го потпиша тројниот пакт на Хитлер, а Бугарија веднаш и честита барајќи ја назад Македонија.( сл.1 и сл.2 )

20 Април 1941 – дописникот од Софија јавува дека на бугарското радио е објавена веста дека Бугарија ја ОКУПИРАЛА Југословенската Македонија при што ја „ослободила“ ( сл.3)

28 Април 1941 – дописник од Софија јавува дека Бугарија веќе го освоила и управува со Скопје, а премиерот Филов му се заблагодарува за „ослободувањето“ (сл.4)

Последните слики го покажуваат плоштадот Македонија, кој по фашистичката окупација на Македонија е преименуван во „цар Борис III“, и знамиња на нацистичка Германија и нивните симболи „Свастика“, кои официјална Софија постојано ги негира дека некогаш биле развиорени во Скопје при нивната окупација од Бугарскиот фашистички режим во Втората светска војна.

Најважното прашање е: Како е можно да сме Титова „креација“ кога документите и новинарските статии пишувани од Софија во 1941 год. ја нарекуваат нашата земја Југословенска Македонија?

* screenshot-овите се преземни од архивата на NY Times како и од документарецот на Viasat History – Royals at War

Сл.1

 

извор: Канал 5.