Изгоре напуштен објект во Тетово – во објектот имало едно бездомно лице

Тетовската пожарна денеска околу 7:30 часот интервенираше во напуштен објект близу просториите на поранешното превозно претријатие „Полет”, на улицата „Илинденска”.

Во објектот имало едно бездомно лице, а при гаснењето на пожарот со три возила и седум пожарникари, нема повредени.

Денешниот случај е пријавен и во полиција, чии служби почнаа увид.