Штипјанец (25) си ја убил девојката (29), па се предал во полиција

25-годишен маж уби 29-годишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.

Според првичните информации од МВР, околу 20.15 часот во Полициската станица – Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип. Тој посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.

Полициски службеници го нашле телото.