Пецаков: Неописливо е чувството на родољубие, чест и гордост што вчеравачер бев дел од прекрасната свеченост по повод „80 години слободен Охрид“

Неописливо е чувството на родољубие, чест и гордост што вчеравачер бев дел од прекрасната свеченост по повод „80 години слободен Охрид“.
Охрид, градот на светлината, духовна и културна претсолнина на Македонскиот народ, пред осум децении е ослободен од фашистичкиот окупатор. Овој историски момент не е само воен чин – тоа е победа на духот, победа на народната храброст, решителност и неизмерна љубов кон родната земја.
Зад секој херој, зад секоја борба, стои голема жртва и непокорност. Со нивната силна решителност, борците на фронтот не барале почести и награди- тие барале правда, барале слобода и подобра иднина за Охрид и Македонија.
Во овие мигови на чествување и прослава, многу е важно да потенцираме дека 7-ми Ноември не е само историски датум, тоа е нашиот аманет, да ги водиме новите поколенија по патот на слободата, правдата и солидарноста.
Искрено верувам дека херојските стремежи на нашите предци, ќе бидат наш силен мотив во денешната политичка и дипломатска борба, да го сочуваме достоинството на нашата татковина и се што е македонско.
Нека ни е честит јубилејот на слободата! Нека им е вечна слава на хероите! Нека е вечен- слободен Охрид, напиша во својата објава градоначалникот Пецаков.