Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека би прифати гласање за доверба на неговата влада од парламентот пред Божиќ, потег што ќе го отвори патот за предвремени избори по распадот на владината коалиција.
Во гостување на програмата на првата програма на јавниот сервис во Германија, АРД, Шолц порача дека е подготвен да поднесе барање во Бундестагот за побрза гласање за доверба за неговата влада, доколку за тоа се постигне договор со опозицијата.
„Да го поставам прашањето за доверба пред Божиќ, ако сите сметат така, не ми е воопшто проблем“, рече Шолц во ток-шоуто на АРД „Карен Миосга“.
Како канцелар, тој мора формално да го иницира овој чекор. Но, ако има договор меѓу лидерот на пратеничката група наСПД, Ролф Мицених и лидерот на пратеничката група на демокристијанската Унија, Фридрих Мерц, Шолц истакна дека ќе го почитува тоа.
Тоа е поран датум од 15 јануари што тој го предложи минатата недела и резултат на притисокот од опозицијата да има ласање за доверба што е можно поскоро.
Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија, растурајќи ја неговата коалициска влада составена од неговите социјалдемократи, зелените и либералите.
Канцеларот потоа рече дека би сакал до крајот на годината да донесе неколку важни закони во Бундестагот, а потоа да побара гласање за доверба во средината на јануари. што би значело дека предвремени избори би можеле да се одржат до крајот на март наредната година.
Незадоволната опозиција, пак, побара Шолц да иницира гласање за доверба на владата што е можно поскоро, по можност наредната недела, за што поскоро да се одржат нови избори.
Доколку сега гласањето за доверба на владата биде пред Божик, датумот за предвремени избори би можел да биде веќе во февруари наредната горина.
DW