Вредноста на биткоинот надмина 81.000 долари по победата на Трамп

Цената на криптовалутата биткоин за првпат надмина 81.000 долари по реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кој умерено гледа кон дигиталните средства и поради очекувањата за прокрипто претставници во Конгресот, известува Анадолу.

Според податоците што ги објави компанијата за анализа „Coinmarketcap“, вредноста на криптовалутите на глобалниот пазар, вклучувајќи го и биткоинот, е зголемена за 3,21 % во период од 24 часа и надминала 2,71 трилион долари.

Цената на биткоинот, најголемата криптовалута, порасна за повеќе од 3 % во последните 24 часа поради умереното гледиште на Доналд Трамп кон дигиталните средства, кој е реизбран за претседател на САД.

За време на изборната кампања, Трамп вети дека ќе ги направи Соединетите Држави „криптоцентар на светот“ со прифаќање на дигиталните средства. Трамп има и „национален план за резерви на биткоин“.

Цената на биткоинот денеска за прв пат на азиските пазари надмина 81.000 долари и се искачи на 81.858 долари. Неделната добивка на биткоинот, со кој се тргуваше за 81.263 долари заклучно со 7:31 часот по средноевропско време, надмина 17 %.

Биткоинот, чие најниско ниво оваа година изнесуваше 38.505 долари на 23 јануари, од тој датум се зголеми за приближно 66 %. Биткоинот минатата година ја заврши со вредност од 42.283 долари.

Зголемувањето на вредноста на биткоинот позитивно влијаеше и на другите криптовалути.

Етереум, кој е на второто место според пазарна вредност, порасна за повеќе од 27 % во последните 7 дена и надмина 3.200 долари за прв пат во последните 3 месеци. И алтернативната криптовалута доџкоин го достигна своето највисокото ниво во последните три години.

Аналитичарите изјавија дека републиканците ќе ги контролираат и двата дома во САД и истакнаа дека од аспект на криптосветот, тоа е позитивно примено од инвеститорите.

Од друга страна, индустријата за криптовалути потроши повеќе од 119 милиони долари во поддршката на кандидатите за Конгресот кои се прокрипто.

 

извор: Андолија