„Турција ќе стане смарагдно зелена земја“

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека работат со сите сили за да ја направат Туркије „смарагдно зелена“ земја, јавува Анадолу.

„Ние ги гледаме нашите шуми не како наследство оставено од нашите предци, туку како доверба на идните генерации“, рече Ердоган во видеопораката по повод Националниот ден на садење дрвја, споделена од турското Претседателство на X.

„Со цел да го прошириме ова разбирање низ нашето општество, особено кај помладите генерации, 11 ноември го прогласивме за Национален ден на садење дрвја“, рече тој.

Ердоган додаде дека со сите сили работат да им остават на идните генерации од секој аспект поубава земја.

„Преку кампањата за пошумување се засадени над 7 милијарди садници, а шумската површина во земјата е зголемена за 12 отсто, достигнувајќи 23,4 милиони хектари“, додаде тој.

 

извор: Анадолија