Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, предлагал таткото Александар

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше братучетката на Зорица Ѓорчевска, Маја Спировска. Таа го објасни однесувањето на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. За Спировска било чудно што Александар и неговиот кум Гоце го посочиле „цитроенот“ дека е можеби поврзан со грабнувањето на Вања.
Тие мислеле дека возачот на автомобилот ја киднапирал Вања пред влезот на зградата.

Но, Александар имал и чудни предлози.

Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит. Не знам како да стапиме во контакт со него, прашувал таткото на Вања, раскажа сведокот.

извор: Република