Германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин разговарале по телефон еден час во петокот попладне. Шолц побарал од лидерот на Кремљ да ја прекине војната против Украина и да преговара со Киев за „праведен и траен мир“, е наведено во соопштението од Кабинетот на кацеларот.
Шолц и Путин последен пат директно разговарале во декември 2022 година, соопшти владата.
Шолц во разговорот, според германското соопштение, изразил „непоколеблива решеност да ја поддржи Украина во нејзината борба против руската агресија онолку долго колку што е потребно“.
Во него е наведено дека Шолц разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред повикот на Путин и дека ќе разговара повторно потоа.
slobodnaevropa.mk