Се зголемуваат условите за снег и снежната покривка и во градовите низ Македонија до сабота 23 ноември

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота (23.11.2024).

Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот, и во Македонија до сабота очекуваме на повеќето места врнежи од снег и големо опаѓање на температурите на воздухот, а температурите допрва ќе ги анализирам и јавноста околу ова навремено ќе биде информирана какви температури не очекуваат.

Значи како што кажав, во сабота (23.11.2024) на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од снег, проследено со засилен северен ветер. Што се однесува до снежната покривка, на планинските и на повисоките места таа ќе биде со висина од 10 до 20 cм, на високите планини можно е таа да биде и поголема. Што се однесува до повеќето пониски места (градови) ќе има снежна идила, со очекувана снежна покривка од 4 до 10 цм. Особено повремени врнежи од снег во сабота се очекуваат во северните и во западните предели од Македонија.

Секако со овој бран во сабота, големи се условите да забелат  и околните планини во Скопје. Слабо провејување на снег можно е  и во повисоките предели од Скопската котлина.

Во следните мои метео објави следува нова, и по потреба обновена метео анализа токму  околу очекуваниот снег во сабота (23.11.2024).

Да напоменам дека во четврток ќе имаме продор на ладен воздух, но тој ќе биде со помал интензитет за разлика од овој во сабота на 23 Ноември, па така снег во четврток очекуваме само на планините, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk