Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик – генерален секретар на НАТО

Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, рече премиерот на Христијан Мицкоски на прес-конференција на 20 ноември, откако ден претходно Алијансата ја назначи Шекеринска за нов заменик – генерален секретар на НАТО.

Шекеринска долги години беше функционер на Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), политички опонент на владејачката ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател е македонскиот премиер.

Мицкоски рече дека и покрај идеолошките разлики, за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.

„Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници“, рече Мицкоски.

 

 

slobodnaevropa.mk