Соопштението на СДСМ е класичен пример за лажни вести. СДСМ преку производство на вакви лажни вести се обидува да се извади од тоа што не гласаше за усогласување и покачување на платите на наставниците. Ако бил идентичен законот како што вели СДСМ, тогаш зошто не го прифатија предлог законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој за разлика од предлогот на власта нема предвидено груба партизација. Еве ги повикуваме СДСМ да ги исфрлат членовите од предлог законот кои предвидуваат партизација на образованието и ќе прифатиме секое покачување, кое патем го предлагаше и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во истото се додава:
Власта се обидува да протурка закон за наставници кој нема за цел подобрување на стандардот на образованието и подобрување на стандардот на наставниците, туку има за цел да овозможи груба партизација.
СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност, што значи директно рушење на квалитетот на образованието. Ова е штетен закон на коалицијата СДСМ и ДУИ и во обидот да го протуркаат насила креваат тензии и шират лажни вести.
На јавноста и е јасно дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат и затоа СДСМ стануваат нервозни. Доколку власта сакаше покачување на платите на просветните работници ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата.