More

    СДСМ: Поголема минимална плата за 80.000 работници, сите пратеници да го поддржат Законот

    СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и обезбедува достоинствени услови за работа, бидејќи работниците се нашиот врвен приоритет и нашата најголема вредност. Веќе од први април со усвојување на измените на Законот за минималната плата околу 80.000 работници ќе добиваат повисока плата за скоро три илјади денари. Со ова зголемување, за само 4,5 години минималната плата ја зголемивме од 8.800 на 18.000 денари, се вели во соопштението од СДСМ. Во истото од партијата додаваат:

    Овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведува нов критериум за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата, а усогласувањето ќе почне да важи со мартовската плата.

    Предложениот закон за минимална плата прави пореално отсликување на животните потреби и минималната плата ќе се усогласува со 50% од годишен раст на просечната плата и 50% со раст на трошоците за живот според државниот завод за статистика.

    Со овој закон се уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.

    Сите пратеници да ги поддржат овие измени на законот, затоа што ќе резултира со спирален раст на платите, ќе го подобри стандардот на 80.000 наши сограѓани и ќе доведе до зајакнување на домашната економија.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img