More

    Лукаревска: Следните избори ќе бидат во 2024 година, наш приоритет е стандардот на граѓаните

    Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека приоритет е во Парламентот да се носат закони кои ќе значат повисок животен стандард за граѓаните.

    „Тоа го покажавме преку минималната плата, на ред ќе дојде во собраниска процедура законот за пензии бидејќи сега се преговара со сите оние засегнати страни“ нагласи Лукаревска.

    Во однос на барањето за предвремни парламентарни избори, заменик претседателката на СДСМ истакна дека во овој период не е време за избори, туку за решавае на кризите и унапредување на животниот стандарт на граѓаните.

    -Наша обрвска е да решаваме прашања во рамки на парламентот, да носиме закони кои ќе значат висок животен стандард на граѓаните. И тоа го правиме. Го покажавме преку минималната плата, одговорот на енергетската криза, на ред ќе дојде во собраниска процедура и законот за пензии бидејќи сега се преговара со сите оние засегнати страни. Има повеќе отворени прашања, меѓутоа лидерска средба каде што ќе бидеме уценети дека по секоја цена треба да има парламентарни избори секако дека не е прифатлива за СДСМ. Она кое што треба да се разговара крупни прашања кои значат стандард на граѓаните и решавање на други проблеми, стратешки прашања и слично. Подаваме рака за решение, за деблокада на Собранието меѓутоа тоа не значи дека во едно вакво време, кога е потребен фокус на решенија на енергеткста криза дека би прифатиле уцена за предвремени избори. Следните избори ќе бидат во 2024 година. порача Лукаревска.

    Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска истакна дека во партијата во моментов се работи на поставување на локално раководство во општинските организации, дека самата промена на раководството на партијата значи една нова енергија, креативност и можност за следни нови победи, додавајќи дека само еден силен, обединет, стабилен СДСМ ќе значи и победнички СДСМ и на тоа ќе се работи во наредниот период.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    0.8 ° C
    0.8 °
    0.8 °
    75 %
    1kmh
    20 %
    Fri
    3 °
    Sat
    7 °
    Sun
    0 °
    Mon
    -0 °
    Tue
    2 °
    spot_imgspot_img