Со власта на СДСМ и ДУИ на Македонија и се случува енергетска катастрофа, а на граѓаните огромно осиромашување. Само по основ на цената на струјата која ја достави ЕЛЕМ (ЕСМ) за периодот јули-декември 2022 година, која е за 17% повисока од досегашната, се очекува нов сериозен ценовен шок за граѓаните и компаниите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека АД ЕЛЕМ сега пак на грбот на граѓаните ќе го покрива своето катастрофално работење.
-За само 7 месеци потрошија 200 милиони евра народни пари, во најголема мера за да го надоместат недостатокот на домашно производство на електрична енергија кое лани беше на рекордно најниско ниво од 3200 GWh. Патем ЕЛЕМ од најрентабилна компанија во последните години се претвори во загубар, поради лошите енергетски политики на власта на СДСМ и ДУИ и ужасно лошото раководство на компанијата. Поради честите дефекти, немањето нови наоѓалишта, поради празни акумулации, поради криминалните тендери во изминатиот период оваа власт за граѓаните ја поскапе цената на струјата за над 30%, а сега готви ново покачување. Ваквото покачување немаше да биде толку големо доколку се работеше домаќински и одговорно. Доколку навреме се произведеше домашна струја која е далеку поефтина од увозната, ќе се уштедеа стотина милиони евра кои можеа да се искористат во нови производствени капацитети, нагласуваат од партијата.
Доволно беа оправдувањата на власта. Нивната неспособност граѓаните два пати ја плаќаат, еднаш со буџетските народни пари, друг пат со парите од својот џеб. Потребни се избори за оваа власт да си замине.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива