Скопјанец уапсен поради лажна пријава дека ќе постави бомба во Царинска управа

Утрово во 00,45 часот во врска со претходно лажна пријава дека наводно ќе постави бомба во Царинска управа, од слобода е лишен 52 годишен скопјенец, со кој во Полициска станица Драчево е извршен службен разговор.

Имено, веднаш по добиената пријава (закана), полициски службеници преземаа оперативни дејствија и утврдија дека се работи за лажно пријавен настан.