More

    Почина новинарот Слободан Петровиќ

    Почина новинарот Слободан Петровиќ, а веста ја објави на својот фејсбук профил Звездан Георгиевски, реномиран македонски новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции.

    Се дружевме со децении. И пред и после „Пулс“. Успеа дури и мене, традиционалниот мрзливец и хедонист, да ме натера два-три пати да се качувам со него по планините. Но, она што ќе остане како празнина во мојот живот се токму средбите во „Алтан“ што никогаш нема да се реализираат и непрекинатиот меѓусебен дијалог што траеше меѓу нас можеби четири децении и кој никогаш не заврши.

    Почивај во мир Цобе. Кај да е, повторно ќе праиме муабет во некој небесен алтан, напиша тој.

    Слободан Петровиќ (1944 – 2022)
    Пред пет минути ми се јави Миле Банов и после моето весело: „Еј, Банов, кажи Банка“, следеше онаа куса, а вечна тишана што претходи пред страшната вест: „Почина Цобе!“. Па, пак молчење и некоја сочна пцост.
    Ветив дека ќе напишам два-три реда за мојот драг пријател и колега. Знам дека звучи како флоскула ако се каже дека Слободан Петровиќ беше голем новинар. Можеби е поточно да се каже дека беше еден од ретките комплетни новинари, еден од оние ретки и драгоцени егземплари што умееше да го гледа целиот контекст на новинарското дејствување, кој знеше дека еден текст нема некоја особен смисла, ако не стои во контекст со другите содржини во весникот или медиумот. Кој знаеше дека пласманот на текстот и неговата опрема се подеднакво важни како и неговата содржина, дека нема добра содржина без добра форма. И обратно: не постои добра форма без добра содржина.

    Тоа го докажа уредувајќи го „Екран“ во неговите најдобри години, а потоа и „Пулс“ првиот вистински политички неделник на овие простори.

    Но, не сум јас тој што ќе ја напише неговата пребогата службена биографија. Го предложив, заедно со некои други колеги, за наградата „13 Ноември“ за публицистика за неговата ингениозна книга за дрвото. Ја доби наградата и знам дека тогаш си помислив дека конечно го препознаа неговото дело и неговиот придонес за македонскиот јавен простор. И требаше да седнеме во „Алтан“, кафеаната каде што релативно често се гледавме и да го прославиме овој успех, што, нескромно, го сметав и за мој. И не успеавме да се видиме.
    Дури бевме во „Пулс“ важевме за добар соработнички тандем. Тој главен уредник, јас негов заменик. Непогрешливо се разбиравме и според моето, повторно нескромно, мислење, правевме одличен неделник во условите што ги имавме.

    Се дружевме со децении. И пред и после „Пулс“. Успеа дури и мене, традиционалниот мрзливец и хедонист, да ме натера два-три пати да се качувам со него по планините. Но, она што ќе остане како празнина во мојот живот се токму средбите во „Алтан“ што никогаш нема да се реализираат и непрекинатиот меѓусебен дијалог што траеше меѓу нас можеби четири децении и кој никогаш не заврши.
    Почивај во мир Цобе. Кај да е, повторно ќе праиме муабет во некој небесен алтан.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    0.8 ° C
    0.8 °
    0.8 °
    44 %
    2.1kmh
    20 %
    Wed
    1 °
    Thu
    2 °
    Fri
    4 °
    Sat
    5 °
    Sun
    8 °
    spot_imgspot_img