More

    МНР: Обезбедивме транспорт за евакуација на нашите граѓани од Одеса, правиме напори за Харков и Киев

    Од МНР велат дека прават напори да обезбедат евакуација и за нашите државјани кои во моментов се наоѓаат во Харков и Киев и за тоа дополнително ќе информираат. Поради воените дејствија наши луѓе се заглавени и на украинско-полската и украинско романската граница, кои се јавиле во Министерството за да побараат помош. За сите се прават напори да бидат евакуирани што поскоро
    Министерството за надворешни работи (МНР) обезбеди евакуација за нашите државјани кои во моментов се наоѓаат во Украина и бара итно да се јават на дежурниот телефонски број за да им дадат информации.

    „Апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување“, апелираат од МНР.

    Евакуацијата е обезбедена во соработка со партнерските земји.

    За нашите државјани во Одеса министерот Бујар Османи информираше и пред два дена на прес-конференција на која најави дека се комуницира со партнерите од НАТО за да се обезбеди безбеден транспорт.

    Од МНР вечерва соопштија и дека прават напори да обезбедат евакуација и за нашите државјани кои во моментов се наоѓаат во Харков и Киев и за тоа дополнително ќе информираат.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img