(ВИДЕО) Русите влегоа во Харков

0
245

Улични борби се водат во вториот по големина град во Украина, а руските трупи денеска ги притиснаа стратегиските пристаништа на југот на земјата, напредок што се чинеше дека ја означи новата фаза од руската инвазија по бранот напади врз аеродромите и објектите за гориво на други места во земјата, вели АП.

Улични борби денеска беснеат во Харков, вториот по големина град во Украина, откако руските сили ги пробија украинските линии. Украина и Русија се договорија во Белорусија да разговараат за запирање на конфликтот што принуди околу 300.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

На снимка чија веродостојност ја потврди Би-би-си се гледаат група украински војници што се кријат зад ѕид, додека еден лансира ракета испукана од рамо.

Во Харков може да се слушнат пукање од митралези и експлозии, а новинарот на Франс прес видел остатоци од запалено руско оклопно возило и неколку други напуштени возила.

„Минатата ноќ во Украина беше брутална“, рече претседателот Зеленски. „Тие се борат против сите. Тие се борат против сите живи суштества – против градинките, против станбените згради, па дури и против амбулантите“.

Украина пријави 198 цивилни жртви, меѓу кои и три деца, од почетокот на инвазијата.

Освен нападот врз Харков, кој се наоѓа во близина на руската граница, Москва тврди дека „целосно“ ги опсадила јужниот украински град Херсон и градот Бердјанск на југоисток.

извор/фото: агенции