Кличко: Киев жестоко се брани, сеуште нема руски војници

0
664

Киев и натаму жестоко се брани, а во моментов во главниот град на Украина нема руски војници, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео порака, пренесена од Укринформ.

-Но, нашата војска, нашите законски сили за територијална одбрана продолжуваат да ги откриваат и неутрализираат диверзантите. Синоќа имаше судири и пукотници. Уништени се неколку големи групи саботери, рече Кличко.

Градоначалникот на Киев потсети дека заради безбедноста на жителите во градот е воведен полициски час до утре наутро.

-Не излегувајте надвор. Можете да излезете само на сирената за опасност од воздушен напад, за да заминете во засолниште. Русија гранатира станбени населби во главниот град. Русија убива Украинци низ цела Украина!, изјави Кличко.

 

извор/фото: агенции