Граѓаните прават залихи од основните намирници, маркетите се празнат!

Деновиве се повеќе сме сведоци дека маркетите наликуваат како пред две години кога започна пандемијата со КОВИД 19, кога се купуваа основните прехрамбени намирници.

Овојпат е најавата за ново поскапување од први март. Ако досега Владата ги замрзна цените на брашното, маслото, јајцара, оризот и останатите примарни прехрамбени суровини, на удар од први март ќе биде лебот, а потоа останатите производи.

Од вторник,  кога ќе ги вкалкулираат реалните цени кои беа замрзнати- додека глобално и тие на суровините и на енергенсите растеа- ќе има поскапувања на храната.