More

    Утрово убиено 14 годишно дете во Приштина

    Дете на 14-годишна возраст е убиено утрово во Приштина, во близина на училиштето во кое учело, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Косовската полиција потврди дека ученикот на 9-то одделение, со иницијали Р.Х., во основното училиште „Хилми Раковица“ во Приштинската населба Врањевац починало како последица на повреди здобиени од остар предмет (нож).

    Засега нема официјални инормации за уапсени лица, но телевизијата Т7 јави дека едно малолетно лице е приведено во полиција во врска со случајот.

    На местото на настанот, во близина на училиштето каде што се случи убиството, излегоа надлежни екипи на полицијата и обвинителството, како и претставници на Министерството за образование.

     

    МИА

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img