More

    Мицкоски најави сериозен проект за Скопје и економијата

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на телевизија Сонце ексклузивно најави голем проект за Скопје за кој како што рече ќе е од големо значење и сериозно ќе влијае на квалитетот на животот на скопјани, но и на македонската економија.

    Имаме стагнација на економијата, а имаме инфлација на животниот стандард и тоа го покажува Државниот завод за статистика, мислам дека беше 6,7 проценти во јануари 2022 година споредено со јануари 2021 година. Имаше поскапување на храната за 10 проценти, маслото за јадење повеќе од 25 проценти, тоа значи дека животниот стандард опаѓа, а економијата не расте, објасни Мицкоски.

    На прашањето каква иднина не очекува во економијата Мицкоски рече дека со овие луѓе не можеме ништо да очекуваме.

    Со овие луѓе не можеме ништо и затоа сега се трудиме од позиција на опозиција и се надевам дека за некои десетина дена од денес, или две недели можеме да објавиме еден крупен би рекол проект кој што би се реализирал во Скопје, со кој што би се афектирал квалитетот на животот на скопјани, и нормално би влијаел сериозно на економијата, изјави тој.

    Како граѓаните да очекуваа реализација на таков проект кога ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и со кои ресурси располагаат тие, а не од владата претседателот Мицкоски порача:

    Не можете да очекувате од владата затоа што таму нема луѓе кои што може да направат нешто. Со тие ресурси со кои што располагаме цениме дека можеме да направиме. Ќе најавиме еден проект кој што би бил сериозно голем, затоа велам да почекаме, да не зборуваме, ќе имаме поконкретни детали, и ценам дека тој драматично ќе ја промени состојбата на скопјани, и генерално на граѓаните на Македонија.

     

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img