More

    Брнз за ТВ 21: Влезот на РС Македонија во ЕУ е стратешки интерес на државата, регионот, ЕУ, па дури и САД

    „Очигледно на граѓаните на Северна Македонија им треба исчекор, не им се потребни дополнителни назадувања. САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ“, порача амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21.

    Таа вели дека иако тие не е членка на ЕУ, сепак сметаат дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД.

    „Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и европските партнери и во западната заедница во целина, за важноста на продолжувањето. И не само за да се одржи глобалната безбедност туку и да видиме напредок во заедничката агенда за демократија и владеење на правото. А токму тоа ќе се поттикне со влезот на Северна Македонија во ЕУ“, додава Кејт Мери Брнз во интервју за ТВ21.

    извор: ТВ21.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img