Мицкоски до Талат Џафери за кршењето на процедурите: Автократот од Форино треба да знае дека не е над законите, а Собранието не е гостилница, тоа му припаѓа на народот

0
298

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денешниот настан во Гевгелија „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, му одговори на Талат Џафери  за автократското однесување во Собранието, порачувајќи му дека не е над законите и дека Собранието не е гостилница, бидејќи тоа му припаѓа на народот.

– Да престанат со демагогија и лекциите за демократија затоа што најдобро практикуваат автократија. Ако не им е јасно нека се сетат на еден спикер во Собранието кој се однесува како да Законодавниот дом му е гостилница од Форино. Негова самопрогласена автократска автономија. Па кога сака да си крши процедури, закажува седници, узурпира процедури, именува и разрешува членови на комисии, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сме гледале многумина кои мислеле дека светот се врти околу нив, ама тие лошо завршувале, без образ и со вечен срам, така и овој автократот од Форино треба да знае дека не е над законите, а Собранието му припаѓа на народот.

–  Можеби негова е гостилницата, ама на народот е Собранието. И не може кога ќе му текне преку грубо фалсификување и кршење на процедурите да дозволува разрешување и именување на членови на комисијата за мандатно имунитетни прашања за да полесно може без компромис, еднострано да го спроведи пусулчето дадено од Заев за нови судии во Уставниот суд и десетина други партијашки решенија. И не дека не може да направи ново кршење на процедурите ама треба да знае и тој, и оној ученикот на Зае, слепиот следбеник на политиките на заевизмот, Ковачевски, дека од народ не се посилни. И не е прашање дали туку кога на народот ќе му прекипе, а ќе чукне и тој час многу скоро денес, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека вистинската тема што го мачи овој народ е што живее во сиромаштија и константно дополнително осиромашување.

–  Што за две години струјата се покачи за повеќе од 30%. Што бензините секоја недела уриваат нови рекорди и за две години се покачија повеќе од 70 проценти. Ги гледа ли владата оние исплашени луѓе кои купуваат зејтин, брашно, квасец и празнат рафтови затоа што тие можеби од денес или утре ќе се покачат за нови 10 проценти. Тоа значи дека народот живее во сиромаштија, а владата не прави ништо. Сериозна е и состојбата со стоковите резерви, никој не знае дали тие кои што ја содржат количина во нив е доволна, а ако е така зошто владата не ослободи дел од тие количини за да го заштити народот од ценовните удари? Кој е планот во однос на стагфлацијата која покажува дека Македонија е се посиромашна држава. Народот бара промени и тие промени ќе се случат, потенцираше Мицкоски.