More

    Фрчковски кој порачуваше дека Албанците ќе завршат во Јадранско Море, Пендаровски скандалозно го именуваше за амбасадор во ООН, велат од ВМРО ДПМНЕ

    Фрчковски е контроверзен лик кој во 2001 година заговараше бугарски и грчки војски да интервенираат против македонските Албанци, или како што рече „можеби ние ќе зборуваме бугарски, ама Албанците ќе пливаат кон Италија“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото се додава:

    Човекот кој им порачуваше на Албанците дека ќе завршат во Јадранско море, а Македонците дека ќе зборуваат бугарски, Пендаровски со указ го назначи за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединети Нации.

    Фрчковски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушкување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во Обединети нации. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчковски уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img