More

    ВМРО ДПМНЕ: Владата ја донесе Македонија во опасност, дали стоковите резерви биле празни, и затоа владата не интервенираше на пазарот?!

    Владата ја донесе Македонија во опасност, дали стоковите резерви биле празни, и затоа владата не интервенираше на пазарот?!

    Владата дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа. Ковачевски не ги употреби државните резерви, за да го намали притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото се додава:

    Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви, туку тоа се прави во сред војна во Украина? Што доколку Србија немала и од каде и како ќе набавеле?

    Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме дека молеле за милостиња и побарале 50.000 тони пченици и 25.000 тони пченка од Србија.

    Реси Абдурахмани, првин кажа: Имаме колку што треба стокови резерви. Потоа Пендаровски рече: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај Горан Милевски да каже: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.

    Владата е неодговорна и ја донесе земјата во опасност.

    Се поставува прашањето, што уште недостасува во стоковите резерви и дали има доволно од сите неопходни продукти?

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img